Спасевска: Од 6 септември најавуваме целосен бојкот на наставата!

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ одлучи учениците да ја бојкотираат наставата почнувајќи од 6 септември – следниот понеделник. Заклучокот го донеле откако не добиле никаков одговор од страна на министерството за образование на нивното писмено барање за итна средба пред почетокот на учебната година, во врска со неколкуте барања заради кои иницијално и се формираше оваа иницијатива.

На Фејсбук групата, која брои над 80 илјади членови, објавената одлука гласи:
„БИДЕЈЌИ ниту едно од нашите осум барања не е исполнето откако постоиме и се бориме како иницијатива.
БИДЕЈЌИ родителите не дале своја согласност за дигитализација и не се сложиле со новата концепција!
БИДЕЈЌИ немаме услови да купуваме таблети ( а не ни сакаме) само поради избрзаните идеи на Царовска!
БИДЕЈЌИ немаме учебници за 1-во и 4-то одделение! Ниту се обновиле учебници за другите одделенија до сега!
БИДЕЈЌИ носите реформи без да се врати ЗАКОНОТ!
БИДЕЈЌИ немаме услови за целосна инклузија на децата со попреченост!
БИДЕЈЌИ се мистерија новите протоколи и мерки за децата! Децата во развој треба да дишат!
БИДЕЈЌИ ни се одземени нашите права како РОДИТЕЛИ за да одлучуваме за образованието на нашите деца!
НАЈАВУВАМЕ ДЕКА ОД 06.09. 2021 ГОДИНА (ПОНЕДЕЛНИК) ЌЕ ИМАМЕ ЦЕЛОСЕН БОЈКОТ НА НАСТАВАТА!“

Додека родителите се бунат во врска со протоколите, министрите за здравство и образование уверуваат дека децата ќе бидат безбедни. Според Филипче границата за преминување на онлајн настава е 10 отсто од учениците да се заразат. Повторно упати апел до родителите чиишто деца тргнуваат на училиште и во градинка да се вакцинираат.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, вчера уште еднаш потенцираше дека сите училишта се подготвени за реализација на наставата. Таа беше јасна дека нема дискусии за менување на моделот на наставата за кој одлучува Комисијата за заштита од заразни болести.

Претходна вестПри полициски претрес домаќините се обиделе низ прозорец да фрлат нелегална автоматска пушка
Следна вестЧетири дена на германскиот филм во Кинотека на Македонија