Спасовски: Цврсто стојам на ставот дека со предложената амнестија не се постигнуваат ефекти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го повтори својот став дека со законскиот текст за амнестија нема да се постигнат ефекти. Тој истакна дека амнестираните, многу често по излегувањето од затвор, ги повторуваат делата.

– Јас искажав мој став и кажав дека тоа е мој став. Цврсто стојам на тој став дека со законскиот текст не се постигнуваат ефекти и дека треба да се размислува стратешки во правец на создавање на услови за да може тие оние кои се на издржување казни, да ги издржуваат казните, а не преку амнестии да ослободуваме простор во казнено-поправни установи, рече Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања по првиот академски час на Факултетот за безбедност во Идризово.

Претходно во саботата Спасовски изјави дека е непотребно носење на законот за амнестија и оти неговата примена нема да ја промени состојбата со пренатрупаноста во затворите. Според него, амнестираните, многу често по излегувањето од затвор, ги повторуваат делата.

 

Претходна вестВака не се смирува дете, зарем е ѕвер па да го врзувате, реакција на мајката на момче со аутизам по третманот во психијатриската болница
Следна вестМаричиќ контра Османи: Не очекувам нови бугарски блокади по уставните измени