Спасовски: Дојави за бомби се хибридна закана, целта е да има немир кај граѓаните

Ова е класичен пример на хибридни закани. За среќа, тоа се напади што доаѓаат по електронски пат, односно дојави и што безбедноста апсолутно не се нарушува, изјави министерот Оливер Спасовски, по денешната посета и средби во СВР – Струмица. Тој потврди дека утрово имало дојави за поставени експлозивни направи во девет училишта и во Народната банка (НБРСМ) според истиот модус кој е дел од т.н. хибридна војна што се води, не само кај нас.

– Загриженоста е голема, меѓутоа и целта на ваквите хибридни напади е токму тоа. Да се воспостави немир кај граѓаните, да има несигурност, да се влијае на институциите, да се трошат безбедносните служби во државата. Ефикасно се работи од страна на полицијата и сите служби што се вклучени во тој дел. Имаме брзи проверки што ги имаме или напатствија веќе не само во училиштата и во другите институции како се постапува во таков случај, појасни Спасовски.

Напоменувајќи дека веќе во многу земји се променети протоколите во кои степенот на реалноста на заканата се утврдува пред да се преземаат мерки, министерот Спасовски информира дека веќе е разговарано со Националниот комитет за борба против тероризмот и насилен екстремизам и очекува да се преземат активности со кои ќе се сменат протоколите.

– Но, сега се такви протоколите и ќе мора да се почитуваат. Треба да бидеме сите апсолутно претпазливи, посебно менаџерите на институциите во делот на обезбедувањетго, но проверките мора да се реализираат, порача Спасовски.

Претходна вест„Азбука за непослушните” на Венко Андоновски по втор пат објавена на руски jазик
Следна вестБензините поевтинуваат за два денара