Досега има само пријава за недолично однесување на полициските службеници во Арачиново, изјави денеска Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи. Тој одговори на новинарско прашање вразно за информациите во јавноста дека вооружена група синоќа набркала полицајци од пунктот во Арачиново.
-Досега немаме таква пријава, ниту од полициски службеници дека некој им се заканувал и ги избркал, а ниту од граѓани. Има пријава од граѓани во полициска станица за недолично однесување на полициските службеници кои што биле на пунктот, рече Спасовски по денешната посета на СВР – Скопје.
Тој додаде дека денеска случајот ќе биде расчистен.
-Но, немаме пријава дека имало, макар и вербален напад, врз полициски службеник, рече министерот.