Спасовски се согласува со Агелер, но вината за неказнувањата е кај правосудството

Целиот систем мора да биде консидиран во однос на истрагите, судењата и во однос на извршувањето на санкциите за да не ни се случува кога МВР ќе ги приведува криминалците, за кратко време да ги видиме дома или без одредување на соодветни мерки, изјави денска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ја коментира изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер дека институциите треба да се погледат во очи и да се запрашаат што можеле да сторат за да се спречи убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

-Целиот систем мора да биде консолидиран. Тоа е нешто што мораме да го разбереме и да го прифатиме како состојба што мора да се менува. Јас го зборувам тоа многу често досега и во медиумите. И кога говорев за неказнивоста за сите кои ја пљачкаа државата, го уништуваа народот и беа главни во општеството без да носат одговорност. Сето тоа е нешто што мора да си го разбереме и прифатиме како состојба која треба да се менува. Менувањето на системот мора да се прави брзо и ефикасно, рече Спасовски.

Тој образложи дека за осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, МВР постапувало, но и останатиот дел од системот морал навремено да реагира со судењата и извршувањето на санкциите.

Во однос на постапувањата на полицијата, Спасовски вели дека за тоа говорат бројките.

– За граѓаните е важно криминалците од првиот момент кога ќе бидат приведени да има една траекторија во која ќе гледаат и ќе знаат дека дошло до извршување на санкцијата или дошло до одземање на имотот којшто е стекнат на криминален начин, истакна претходни злосторства. Цената ја плати една млада девојка, Вања ја плати цената. Време е институциите да фрлат еден безмилосен поглед на себе и да се прашаат, што можевме да сториме за да ја спасиме оваа млада девојка и сите други деца во земјава?, рече Агелер.

Министерството за внатрешни работи неодамна соопшти дека против Љупчо Палевски, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, во минатото се поднесени најмалку пет кривични и неколку прекршочни пријави.

-Ја информираме јавноста дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник, соопшти полицијата.

Оттаму додадоа дека во 2020 година против Палевски е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

-Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, соопшти неодамна МВР.

Претходна вестОд денеска бесплатен медицински транспорт за најитните случаи со хеликоптер
Следна вестДошол од Студеничани и украл куче во Драчево, полицијата му поднесе пријава