Спасовски за германски весник: Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите

Значајна илегална миграција има во Македонија. Полицијата се обидува тоа да го спречи. Околу ова во интервју за германскиот дневен весник Neue OZ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски даде објаснување:

-Моменталната состојба на нашите граници не е споредлива со ситуацијата во 2015/16 година. Во тој период, повеќе од милион луѓе патуваа преку Балканската рута кон ЕУ. Тогаш дневно регистриравме од 10.000 до 12.000 преминувања на границите. Денес, бројките се многу помали, но нашата земја останува важна за транзит кон земјите-членки на ЕУ. Годинава спречивме 10.455 обиди за илегални преминувања на границите, од кои најголем дел на јужната граница со Грција, односно годинава бележиме тренд на намалување за речиси 50% на обидите за илегални преминувања во однос на минатата година, истакна министерот Спасовски.

Во однос на прашањето од каде пристигаат мигрантите, Спасовски посочи:

-Повеќето луѓе доаѓаат од Мароко, Пакистан и Авганистан. Професионални криумчари ги носат луѓето преку граница. Во Северна Македонија во првите осум месеци откривме 74 обиди за криумчарење на 734 мигранти. Доследно го гониме криумчарењето и поведовме постапки против 68 лица за криумчарење во првите осум месеци. За повеќето мигранти ние сме транзит кон Западна Европа, рече Спасовски.

Претходна вестСкопјанец во товарно возило „натоварил“ 63 мигранти
Следна вестСлучај „Онкологија“: Што денеска ќе објаснат Филипче и Меџити пред Анкетната комисија?