Спречен државен удар во Германија

Германската полиција објави дека спречила група десничари да извршат државен удар во Германија, пренесуваат германските медиуми.

Во координирана акција низ цела Германија приведени биле 25 екстремни десничари, вклучувајќи и поранешни офицери, осомничени дека планирале оружен напад врз Рајхстагот и преземање на власта. Во центарот на планот бил 71-годишен Германец, познат како „Принцот Хајнрих Тринаесетти“.

– Членовите на движењето не го прифаќаат легитимитетот на германската држава. Тие често одбиваат да плаќаат даноци и собираат нелегално оружје. Движењето е составено од помали групи со називи како „Конфедерација на германскиот Рајх“ или „Кралство Германија“, велат од германската полиција.

Германската разузнавачка агенција проценува дека движењето има околу 21.000 приврзаници.

Претходна вестМоже ли јавниот повик на Арсовска да ги тргне блокадите?
Следна вестАмериканската амбасадорка Агелер: Се уште сум збунета од процесот на избор на Абази за обвинител