Србија го сопре пописот ради ризик од вирусот, а Македонија ќе била во ризик ако немала попис!?

Ризикот од ширењето на корона вирусот и загрозувањето за здравјето на граѓаните и на попишувачите биле причината што Србија донесе одлуката за шест месеци да го одложи пописот. Оваа соседна земја, како што било соопштено, се водела и со препораката на Одделот за статистика на Обединетите нации и Фондот за население при ООН, кои издадоа пакет препораки, во кои како најразумно решение е одложување на пописот во овој период.

Дали ситуацијата е многу подобра во Македонија што овдешните власти не го одложуваат пописот? Владата упорно инсистира на негово одржување.

Премиерот Зоран Заев синоќа дури изјави дека одложувањето на пописот кај нас, ја става државата во ризик да не се случи попис и во наредните десеттина години.

-Секое одложување на пописот, ја става државата во ризик да нема попис и следните 10 години или следните години. Дваесет години ние немаме попис и сме една од единствените земји во светот, која што нема попис и затоа треба да го спроведеме. Никој не може да каже, какви ќе бидат состојбите, на есен, следната пролет или сл и оттука е дополнително чувството на одговорност да се спроведе пописот. Пописот дава доволно широчина, а тоа е во рамките на деновите, коишто се определени согласно законот, да се пролонгира согласно мерки за заштита. Но, верувам, дека не треба никако да дозволиме да се одложува пописот, заради тоа што, прво ја испраќа пораката на несериозност кон граѓаните, второ ја испраќа пораката на неодговорност, истакна Заев.

Тој го кажа ова во ситуација кога за денеска се очекува да биде донесена одлуката за продолжувањето на мерката полициски час и во наредните денови. Новиот бран на вирусот е силен и секојдневно имаме меѓу 500 и 1.300 заболени лица и повеќе од дваесетина починати пациенти. Во ковид-центрите има се помалку места за сместување на тешко болните и незивесно е каде тие ќе се сместуваат ако се случи зголемување со почетокот на пописот на 1 април.

Сето ова презивикува и загриженост кај граѓаните кои бараат пописот да се одложи.

ема да ги примам попишувачите и да дојдат со скафандери, со капи, ракавици. За секоја куќа или стан комисијата ке облекува нова униформа или со истата ке одат во 10 куки?  Пописот треба да се одложи и тоа за една година бидејќи вирусот зема голем замав и жртви. Се плашиме до продавница да одиме, а не некој дома да го примам, изјави граѓанката Вера Јаворац за „Скопско ехо“.

Дали Владата го разгледува се помасовното најавување на бојкот на пописот? Дали Владата можеби ќе се подзамисли сега откако и соседни земји го одложуваат попишувањето на населението поради пандемијата?

 

Претходна вестОпозицијата реагира, Министерството без објаснување како се правеле партиски избори во училишта
Следна вестСДСМ: Не се гласаше во училници туку во Урбана заедница; а ВМРО-ДПМНЕ ги праша…