Србија купува 12 авиони „Рафал“ од Франција

Србија потпиша договор со Франција за купување на 12 нови борбени авиони Рафал во вредност од 2,7 милијарди евра.

Договорот вклучува целосен логистички пакет, резервни мотори и делови за овие повеќенаменски авиони.

Договорот беше потпишан во склоп на посетата на Белград, на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека купувањето на Рафали е јасен избор што ја претставува волјата за долгорочен сојуз меѓу двете земји во рамките на силна, суверена Европска унија.

-Ова ќе придонесе за значително зголемување на оперативните способности на нашата армија, рече Вучиќ на заедничката прес-конференција со Макрон.

Делегациите на Србија и Франција потпишаа дванаесет документи, вклучително и за партнерство и соработка во истражување и експлоатација на критични и стратешки минерални суровини.

Макрон рече дека Србија има место во Европската унија и дека на Унијата и треба силна Србија, а на Србија и треба силна и суверена ЕУ за да ги брани своите интереси.

Тој додаде дека ќе продолжи да покренува иницијативи во рамките на европската политичка заедница во која се почитува и слуша гласот на Србија и го охрабри Белград да ги применува договорите со Косово од Брисел и Охрид, со поддршка за формирање Заедница на српски општини во Косово.

Претходна вестНиколовски: Обидот за поткуп е од страна на фирма пријавена на тендерот за пругата за Бугарија
Следна вестСкопскиот Совет ја изгласа Програмата за дополнителни активности на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, ќе биде ли градот почист?