Руската вакцина против Ковид-19 најверојатно ќе се прави и во Србија. Ова го потврдиле руски експерти кои го посетиле Белград.
-Србија би можела да биде прва држава во Европа што би ја произведувала руската вакцина против Ковид-19, „спутник 5“, потврдиле по посетата на руски стручњаци. Како што пренесуваат српските медиуми, делегација руски експерти, кои стигнале утрово во Србија, процениле дека за првата фаза од производството на вакцината во Србија постојат технолошки услови.
Министерот без ресор, Ненад Поповиќ, по состанокот со претставниците од Русија, изјави дека в петок во Институтот „Торлак“ ќе се разговара на ниво на експерти. Според него, за таа прва фаза постојат услови, односно за транспорт на супстанциите, полнењето, пакувањето и дистрибуцијата во Србија, потребни се два-три месеци.
-Србија на тој начин би била прва земја во Европа што би ја произведувала вакцината, рече Поповиќ, а веќе седум други земји, како Германија, Австрија, Унгарија и други, изразиле желба итно да почнат со производство на „спутник 5“.
За епидемиологот д-р Бранислав Тиодоровиќ, тоа би било феноменално и голем чекор од повеќе причини.
Според него, Институтот „Торлак“ поминал низ тежок период, а со производство на вакцината би се вратила дел од некогашната слава.
-Институтот ‘Торлак’ беше една силна фирма меѓу четирите најголеми производители на детски вакцини. Може да имате зграда, тоа не е проблем, опрема, машини, но најважен фактор се луѓето. Сепак, „Торлак“, како и целата земја, помина низ тежок период. Сега, колку луѓето се стручни, колку научници има, дали ќе викнеме некого од странство…“, размислува Тодоровиќ.
Инаку, Србија е апсолутен лидер во вакцинација против Ковид-19 во регионот и втора држава во Европа.