Вчера во 00.50 часот, во угостителски објект на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија до дрога и оружје, го приведоа Д.С.(31) од Република Србија.
– Тој бил затекнат како користи кокаин и до него било пронајдено и одземено пакување со кокаин. По целосно документирање на случајот, информираат од МВР.
Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.