Србин пронајден починат на фарма за свињи во гевгелиско

Српскиот државјанин П.С. (67), кој работел како стручен консултант на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, вчера бил пронајден починат во објектот. Телото на починатиот било предадено на обдукција

Како што соопштија од СВР Струмица, настанот бил пријавен во Полициската станица во Гевгелија вчера во 10:30 часот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Претходна вестТошковски на средбата со грчката амбасадорка предложил мерки за решавање на проблемот со личните документи
Следна вестТексас ги извади тенковите на улица, една жица за мигранти прави хаос во САД