Србите ги бојкотираа изборите во северно Косово

Србите ги бојкотираа локалните избори во четири општини на северот на Косово. Тие го прифатија повикот за бојкот поддржан од официјален Белград, па така излезноста беше помала од пет отсто. Право на глас имаа вкупно 45.098 гласачи, а Централната изборна комисија (ЦИК) вечерва соопшти дека гласале 1.567 од нив, што е само 3,47 отсто.

Изборите беа распишани откако градоначалниците на општините на север (Лепосавиќ, Зубин Поток, Северна Митровица и Звечан), сите членови на Српска листа, поднесоа оставки во ноември 2022 година во знак на противење на одлуката на Владата на Косово, табличките на автомобилите во Северно Косово да бидат на косовски ригистарски таблички.

Во изборната трка учествуваа 10 кандидати, од кои само еден од српската заедница, Слаѓана Пантовиќ, независен кандидат за претседател на општина Звечан. Официјален Белград вечерва оцени дека „победник на овие избори е српскиот народ на Косово, кој ги бојкотираше затоа што не сака окупација“.

 

Претходна вестЗдружение на историчари на Македонија: Да се стави мораториум на Концепцијата за основното образование
Следна вестПаркинг-дивјаштво пред скопската Зоолошка градина