Средба на претседателот на Собранието Гаши со в.д. амбасадор на Катар, Рашид Бин Саид Ал-Хајарин

12

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со Рашид Бин Саид Ал-Хајарин, новиот в.д. амбасадор на Државата Катар, соопштија од Кабинетот на собранискиот спикер.

Гаши, како што се наведува во соопштението, му посакал добредојде на новоназначениот в.д. амбасадор на Катар во нашата држава и му посакал успешна и плодна работа. Тој искажал големо задоволство од средбата и истакнал дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнуваат и унапредуваат.

-Гаши потенцираше дека како претседател на Собранието, особено ја цени значајната улога на парламентарната дипломатија, како суштински елемент во градењето мостови меѓу земјите и народите, особено во време на глобални предизвици. Парламентарната дипломатија е клучен механизам за продлабочување на билатералните односи и затоа е потребно да се реафирмира потребата од поблиска соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Советот на Шурата на Државата Катар, како и меѓу Групите за соработка меѓу двата Парламента, нагласуваат од неговиот Кабинет.

Ал-Хајарин истакнал дека во иднина акцентот на билатералните односи меѓу двете држави би требало да биде ставен на унапредување на економската соработка и трговските односи, што би ѝ помогнало на нашата држава економски да зајакне.

Претходна вестМицкоски: Со владиниот авион ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел
Следна вестРаботиме на засилување на динамиката на средби со официјална Софија, подготвени сме за рационални решенија согласно европски вредности, откри Муцунски