Средба на претставници на Царинската управа и на Асоцијацијата Макам Транс на ГП Табановце

Автоматизација на терминали на граничните премини, софистициран систем за надзор, усогласување на цените на царината и на инспекторите се дел од мерките што ќе ги преземе Царината за да се скрати времето на чекање на транспортерите, соопштија денеска надлежните од Царинската управа по средбата со надлежните од Асоцијацијата Макам-транс на ГП Табановце. Ова според директорот на царината Бобан Николовски ќе придонесе за поефикасен систем за целата економија.

-Како царинска управа во моментов имаме заложби и реагираме за автоматизација на терминалите на граничните премини. Кога системот кога ќе биде имплементиран ќе биде поврзан со пософистициран систем за видеонадзор кој ќе може автоматски да ги регистрира регистарските таблички и тој систем ќе донесе многу користи информации не само за царинската управа, туку и за другите институции, за нашите, македонски транспортери ќе им го скрати времето за влегување на терминалите, изјави Николовски.

Директорите на Царинската управа, Николовски и Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов разговарале и за можноста да се усогласат смените на инспекциските служби со царинските службеници што дополнително ќе го олесни протокот.

-Втора работа која сакам да ја потенцирам, а е во интерес на транспортерите дека на наша иницијатива на царинската управа остваривме средба со директорот на агенцијата за храна и ветеринарство. Човекот има чуство за проблемите коишто се случуваат во моментов, а се поврзани со транспортерите, царинската управа и АХВ. Апелиравме да се реагира побргу, да бидат компатибилни смените на царинските службеници заедно со смените на инспекциските служби кои се под АХВ, додава Николовски.

Досега потпишаните протоколи ќе се почитуваат за да се намали времето на чекање и застанување на македонските транспортери. Повика сите одговорно да се однесуваат, сите да имаат бенефит, да имаат партнерски однос.

– Како директор на царинската управа можам да ветам дека ќе се заложам сите досега потпишани протоколи максимално да се почитуваат посебно оној протокол за белешките кои ќе скратат едно време на застанување на македонските транспортери. Од ова место едно од најфреквентните, би апелирал, до колегите царински службеници дека она што го видов овие 12-ина дена како сум директор, е загрижувачки. Би апелирал до нив сите заедно да почнеме да ја менуваме свеста на царинскиот службеник, редот, работата и дисциплината да бидат првата основна работа, но апелирам и до сите други инволвирани стопанственици, транспортери да се вклучат активно во оваа насока за да придонесат на царинската униформа да не биде погазена. Да внимаваме овој процес на царинско движење да биде партнерски однос и сите да имаат бенефит, но најмногу државата, економијата, буџетот да почне да се полни, рече Николовски.

Од Асоцијацијата Макам Транс се согласуваат дека заеднички мора да работата во интерес на сите, бараат да се преземат чекори со кои ќе се намали времето на чекање, за да обезбеди одржлив развој и раст на економијата.

Претходна вестПожарите не стивнуваат, формиран регионален кризен штаб за пожарите со седиште во Кавадарци
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба