Субвенциите за плати да продолжат и во петтиот пакет антикризни мерки, оние кои се отсутни од работа поради зараза од корона вирусот, изолација и самоизолација да ја добиваат целата плата, како и тоа државните органи сите набавки да ги прават од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не ја злоупотребиле финансиската поддршка од државата.
Ова се барањата кои Сојузот на синдикатите на Македонија ѝ ги достави на Владата за да не дојде до затворање на работни места во оние сектори кои се најпогодени од кризата.
Од Синдикатот уште инсистираат финансиската помош да се исплаќа директно на сметките на работниците, хронично болните, бремени жени, и оние кои отсустуваат поради чување на дете до 10 години, да земаат целосна плата без намалување, а мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по кој било основ, да имаат право на платено на породилно отсуство.