ССМ: Недела е неработен ден и точка!

Недела е неработен ден и точка!, порача денеска Сојузот на синдикатите на Македонија. Во објавата на Фејсбук профилот на оваа организација се наведува дека најмалку 550.000 работници на работат во недела.

-Работниците ја користат неработната недела за одмор и обнова на нивната работна сила во интерес на подобрување на нивната продуктивност од што бенефит ќе има целата држава. Во демократските држави каде претендира да биде вклучена и нашата држава, неработната недела е креативно време посветено на семејството , грижа за децата , но и време потребно за подигнување на културно , спортско и образовно ниво на работниците и граѓаните кои се најважниот ресурс на секоја држава. Потребно е воведување  на четиридневна работна недела, нешто што веќе е реалност во се повеќе земји. Недела е неработен ден и точка!, потенцираа од ССМ.

До објавата доаѓа откако пред некоку дена, по работодавачите, и Стопанската комора за информатички технологии и комуникации (МАСИТ) на премиерот Христијан Мицкоски му го упати барањето за укинување на „недела неработен ден“ и овозможување на ИТ инженерите да работат од дома, но со скратено работно време.

-Бараме сериозни измени на Законот за работни односи. Се надевам дека соработката што ја имаме ќе продолжи. Го поздравуваме Советот за дигитална трансформација на државата. Се надеваме дека дигиталната трансформација ќе се случи брзо, а тоа значи ставање Сите хартии и документи во дигитална форма. Потоа ќе поминеме на фазата интероперабилност меѓу институциите за да можат граѓаните да почувствуваат дека навистина нешто е направено и дека побрзо ќе течат процесите, рече претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева по средбата со Мицкоски.

Претходна вестТри лица тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје
Следна вестЗајкова: ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи