Стар Аеродром добива нов парк

Во населбата Стар Аеродом денеска започна изградба на нов парк на површина од 2.300 метри. Тоа треба да место за одмор и рекреација кое ќе биде уредено со модерна опрема и согласно најсовремените стандарди за уредување на простори од ваков тип. Изградбата е целосно финансирана од општествено одговорна компанија.

– Уште еднаш ја потенцираме важноста на инвестициите во животната средина, но и важноста на инфраструктурни проекти кои го унапредуваат урбаното живеење. Изградбата на паркот вклучува поставување на урбана опрема, хортикултурно уредување, поплочување на патеките, современ систем за наводнување и модерно лед осветлување, објави градоначалникот Тимчо Муцунски на социјални мрежи.

Претходна вестЛесна победа на нашата тенисерка Ѓорческа
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Арсовска да одговори зошто лажеше дека ЈСП нема никаков долг кон приватните превозници