Ставале ротациски светла и сирени за да не плаќаат патарини – за два дена дури 32 случаи

Полицијата и Државниот инспекторат за транспорт за два дена казниле 32 лица кои користеле ротациони светла на автомобилите за да минуваат слободно на патарини.

Контролите биле спроведени на 31 јануари и 1 февруари, при што меѓу оние кои на возилата ставале ротациски светла и сирени како да се возила за придружба или полиција бил и 20-годишник, кој со такво возило со тетовски регистарски таблички поминал без да плати патарина кај Желино. Тој бил приведен и во разговорот во полициска станица го признал делото, по што „флешерите“ се демонтирани.

Од МВР најавуваат дека ваквите контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Претходна вестОбвинение и домашен притвор за скопјанецот кој уценуваше девојка со компромитирачки фотографии и видеа
Следна вестСедум починати и 373 нови случаи со ковид-19 за 24 часа