Стефан Богоев да каже како комбе со скапи телефони поминало царина и влегло во Македонија, бара ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара, директорот на царина Стефан Богоев да каже како комбе со скапи телефони поминало царина и влегло во Македонија, да не била реакцијата на МВР шверцот ќе бил успешен.

-Не еден, не два пакети, туку пакети со тежина од 1.200 килограми полни со скапи телефони се прошверцани преку македонската царина со која раководи потпретседателот на СДС, Стефан Богоев.

Според едноставни математики телефоните кои се прошверцани преку царината на Богоев можат да бидат во вредност од над половина милион евра.

Богоев да каже дали знаел за шверцот на телефони и кој го дозволил?, прашуваат од оваа партија.

Претходна вестЦУК: Само еден пожар на отворено, 2.032 повици на 112 во последното деноноќие
Следна вестСДСМ: Кривични за функционери на ДПМНЕ во Охрид, фатени со раце во медот