Прекин да коалициската соработка со ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, објави денеска Стевчо Јакимовски, градоначалник на оваа скопска општина, На денешната конференција за печат Јакимовски рече дека не може да дозволи некој да се поигрува со него. Како причина за прекинот тој го наведе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Колицијата траеше 99 месеци и дека веќе не може да опстои во Карпош. Јас како градоначалник со моите години и со моето искуство и со мојот карактер не можам да дозволам повеќе некој да се поигрува и со мене и со Советот на Општина Карпош, но и со интересите на граѓаните на Општина Карпош во кои влегуваат и обични граѓани и стопанственици и богати и сиромашни и од различни етнички заедници. Затоа јас и Карпош мораме да им се спротивставиме на опструкциите, мораме да им се спротивставиме на командите од еден центар, мораме да му се спротивставиме на шпицен-градоначалникот, изјави Јакимовски.
Тој потенцира дека Општина Карпош и народот „си избрале свој градоначалник кој треба да ги штити нивните интереси.
– Мораме да се спротивставиме на обидите за рекет и обидите за закани врз стопанственици од нашата Општина. Јас сум градоначалник на сите граѓани во Општина Карпош и од тие причини имам обврска да ги штитам интересите на сите граѓани во Општина Карпош, нагласи Јакимовски.
Тој го нарече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „јавен непријател“ кој дека „треба си бара некој помлад за изживување“.
-Моите разговори со Христијан Мицкоски понатаму прекиуваат, тој е единствениот виновник зошто ја растураме оваа коалиција. Останувам со граѓаните на Карпош, нема да првам коалиција со СДСМ. Повеќе тајиот непријател не можам да го трпам. Од тајни има причина да станеме и јавни непријатели. Виновник за ова не сум јас. Треба да побара некој помлад од мене и со поинаков карактер и помалку години зад себе. Повеќе ова не може да биде толерирано, потенцира Јакимовски.