Стигна серверот за терминалите за отпечатоци од прст

Денеска во Државната изборна комисија (ДИК) серверот со 10 станици за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски најави дека за два-три дена ќе стигне нова пратка со 950 терминали, а веќе за една недела ќе стигнат и другите.

Ако по тестирање на серверот се биде во ред, ДИК ќе се подготви за едукација на претседателите на избирачките одбори и за замениците на претседателите на избирачките одбори и ќе се стави во функција целата операција што значи дека процесот оди добро.

ИТ службата на ДИК, според претседателот на Комисијата, работи со фирма од Германија и проверува се што е неопходно за функционирање на серверот и на терминалите.

На локалните избори закажани за 17 октомври првпат во земјата ќе се применат систем и терминали за вчитување на отисоци од прсти за идентификација на гласачите.

За таа цел ДИК склучи договор со германската компанија „Дермалог“ која треба да го достави системот и терминалите, како и да овозможи нивно одржување.

Првите 200 терминали веќе пристигнаа во земјата, денеска стаса и серверот, а до 1 октомври треба да пристигнат и сите неопхдни терминали за изборите.

Претходна вестПолицаец со службено возило тешко повреди пешак
Следна вестОЈО ќе ја истражува градбата и функционрањето на изгорената болница во Тетово