Пратка од 100 илјади вакцини „Астра Зенека“ донација од Грција пристигнаа во земјава и ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови..
-Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот претседател на Владата Зоран Заев. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршката кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ, владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во нашата земја, Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините, напиша Филипче на Фејсбук.
Филипче додава дека процесот на вакцинација се забрзува и потсетува дека од понеделник сите граѓани ќе може да се вакцинираат без закажан термин.
Но, имајќи предвид дека кај нас оова авакцина се дава на лица над 60 години, прашањето е, има ли заинтересирани да ги примат?