Странец од Бангладеш кој работел на автопатот Охрид-Кичево, си ги зел документите и исчезнал

Во четвртокот во 09.00 часот во полициската станица Струга било пријавено дека Н.У.(33) од Бангладеш се оддалечил од домот каде привремено престојувал во Струга.

Според пријавеното, тој не се појавил и на работното место на автопатот во изградба Охрид-Кичево, каде што извршувал градежни работи за градежна фирма од Струга, а со себе ги зел и личните документи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Претходна вестЕвропскиот закон за дигитални услуги стапи на сила за сите онлајн платформи во ЕУ
Следна вестАлбанската опозиција потпиша декларација за обединување: „Вреди!“