Странските фирми не слушнале дека сме во НАТО или пак слушнале каква ни е власта?

  

Македонија е веќе четири години членка на Алијансата, но, ете странските инвеститори не се баш убедени дека треба да дојдат тука. Очигледно, постојат и други фактори поради кои на странците им се попривлечни другите земји во регионот иако власта уверуваше дека баш Македонија ќе ја избираат…

„Верувам дека инвестицијата на Фејсбук и на Гугл е можно да се реализира во Македонија, очекувам да има сигурна иднина со членството во НАТО“… „Со НАТО ќе донесеме рекорден број странски инвестиции“…, изјавуваа пред повеќе години поранешниот премиер Зоран Заев и поранешната министерка за одбрана Радмила Шеќеринска. Слична приказна почна да раскажува и новата раководна постава во владата на СДСМ и ДУИ. Не престануваа најавите за милиони и милиони евра нови странски инвестиции, дека ќе се отвораат нови фабрики, нови работни места…

Го сменија името на државата иако мнозинството негодуваше, земјата стана членка на НАТО, но, еве, по четири години, странските инвестиции сепак ги нема колку што се ошекуваше. Дури има и откажувања на договорите за изградба на бучно најавуваната фабрика за електрични возила кај Тетово. Ги нема инвеститорите, тоа се гледа и според статистички податоци.

Неодамна Народната банка на Македонија соопшти дека во минатата 2023 година вкупните директни инвестиции во земјава изнесувале скромни 616,7 милиони евра. Колку за споредба, во 2018 година (пред НАТО) странските инвестиции изнесуваа 614 милиони евра. Преклани во 2022 година, пак, странски директни инвестиции, според Светската банка, во Македонија изнесувале 870 милиони американски долари, слично како на Косово, Црна Гора, додека една Хрватска имаше 3,6 милијарди долари, а Бугарија 3,2 милијарди… Србија, пак, во 2023 година имала инвестиции од 4,5 милијарди евра иако не е членка на НАТО.

Да не е друга причината што нема инвестиции во земјава?

Македонија е веќе четири години членка на Алијансата, но, ете странските инвеститори не се убедени да дојдат тука за да водат некаков бизнис. Очигледно, постојат и други фактори поради кои на странските бизнисмени им се попривлечни другите земји во регионот. Советот на странските инвеститори неодамна излезе со анкета во која покажа дека само 43 проценти од компаниите веќе присутни кај нас истакнале дека повторно би инвестирале доколку треба да одлучат сега. Ова многу кажува за условите во кои тие сега работат во Македонија.

 Лошата инфраструктура, сигурно дека е една од причините. Транспортот на стоките со воз веќе со месеци стана несигурен во земјава. Паѓаат мостови и се прекинува сообраќајот, колосеците се стари и не дозволуваат големи брзини, патишта стасуваат само до некаде… заедно со ова е присутноста на корупцијата, правната несигурност, спорни тендери, партиски влијанија во бизнисот…

-Тоа што сме станале земја-членка на НАТО воопшто не е гаранција за прилив на странски инвестиции. А тој е многу низок. Основна причина за тоа е што имаме неспособна, криминална, корумпирана и недомаќинска Влада, смета Гоше Кајмаковски.

Но, во владините кругови не се предаваат. Велат деека успеваат и на ова поле. Вицепремиерот Фатмир Битиќи неодамна направи споредби со периодот пред 2016 година и наведе како е двојно зголемен просекот на инвестициите – од просечните 274,93 милиони евра годишно до 2016 година, тие пораснале на просечните 462,43 милиони годишно во последните седум години. Но, дали со тоа треба да се биде задоволен, дали е тоа доволно? Прави ли тој анализа како е во соседните земји?

Со ваквото темпо на Македонија ќе и треба уште многу години за да стаса до милијарда евра странските инвестиции за една година. Но, тогаш ќе биде прашањето колку подалеку отишле земјите во регионот.

Долга листа на неостварени инвестиции

Меѓу нереализираните инвестиции најавени изминативе години се и филмските студија во Скопје на холивудскиот актер Џон Малкович, како и турската инвестиција во реконструкција на комплексот на езерото Треска. Најавени, а нереализирани странски инвестиции беа и на американска компанија која најави градба на фабрика во Жабени кај Битола. Слично помина и најавата за инвестиција од 30 милиони евра на јужнокорејска компанија и американската компанија за изградба на објект за производство на лесни профили за автомобилска индустрија. Има и многу други нереализирани инвестиции кои конкретно со имиња на фирмите се кажуваа, ама…

 

Претходна вестБез вода корисниците на ул. „Никола Русински“ 2 и во Ракотинци
Следна вестОтворен ден на Армијата по повод годишнината од членството на Македонија во НАТО и 75 години од основањето на Алијансата