Голем пожар во семејна куќа во Нови Сад. Шест луѓе загинаа, меѓу кои и четири деца.
-Во пожар што избувна утрово околу 3 часот, во куќа на улица „Ѓорѓа Дера“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години, посочија од српската полиција.
Починатите се од едно семејство. Родители и деца од кои највозрасното имало 7 години.
Пожарот бил голем и брзо се ширел па таткото на жена која изгоре иако живеел веднаш до нивната куќа и брзо почнал со секира да руши ѕид за да ги спаси – не успеал во тоа.
Полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на трагедијата. Според првичните информации, пожарот најверојатно го предизвикал скутер што бил приклучен на електричната мрежа.