Страшна сообраќајка кај Кичево – тројца млади загинаа, неколкумина тешко повредени

Тројца загинати и неколкумина повредени лица е последица на страшната сообраќајна незгода што се случила рано утрово во Кичево, информира полицијата.
МВР соопшти дека утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.И.(19) од Кичево и патничко возило „Фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Е.(32) од кичевското село Трапчин Дол.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Е. и неговиот сопатник А.С.(20) од село Трапчин Дол, додека возачот С.И. им подлегнал на повредите на пат кон Комплекот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, соопштија од СВР Охрид.

Со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид и во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, се здобиле 19-годишната Т.С. од Кичево, В.П.(21) од селото Подвис, кичевско, П.К.(21) од Кичево и еден малолетник од Кичево, сите сопатници во возилото „Пежо“.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција.

 

Претходна вестИ во кампањата ли најмногу ќе објаснуваат: Уставот мора да се смени?
Следна вестЖена тешко повредена на улица „Јордан Мијалков“ во Скопје