Струга ТЉ, Шкендија и Тиквеш ги дознаа потенцијалите ривали за второто коло од КЛ

Денеска во 14:30 часот во Нион, Швајцарија е закажана ждрепката за второто коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Со тоа македонските претставници Струга Трим Љум, Шкендија и Тиквеш ги дознаа своите потенцијалните противници.

Стружани во првото коло ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите, а со евентуална елиминација од Слован Братислава се префрлуваат во Конференциската лига, па за противници во второто квалификациско коло ќе имаат еден од поразените од паровите:

Лудогорец – Динамо Батуми
Флора Талин – Целје
Хамрун Спартанс – Линколн Ред Импс
Динамо Минск – Пјуник
Ордабаси – Петрокуб
Викингур Рејкјавик – Шамрок Роверс

Шкендија за прв ривал го доби Ноах од Ерменија, а доколку тетовчани ја минат оваа фаза ќе се судрат со еден од овие тимови:

Сиулијаи – Левадија Талин
Браво – Конна Кеј Номадс
ФК Академија Пушкаш (ХУН)
ФК ЦСКА 1948
Слиема Вондерерс

Тиквеш, пак, го избегна Хајдук и има шест потенцијални ривали за второто коло.

Дрита
Торшван
Кернарфон Таун – Крусадерс
Илвес Тампере
Трансинвест

Првото коло од квалификациите за Конференциската лига е закажано за 11 и 18 јули.

Претходна вестКазнети 102 возачи во Скопје
Следна вестНасилници со метални шипки и дрвени палки претепале познаник пред скопскиот Ургентен центар