Струјата поскапе, сега ќе се бара решение во енергетскиот сектор или…?

Струјата од денеска ќе биде поската за 9,48 отсто. Вакво нешто властите велат дека било неминовност откако се случи енергетската криза. Низ регионот има недостиг на струја, а се слушија и дефекти во наголемиот енергетски комбинат РЕК „Битола“, недостиг на јаглен.

Дали ова зголемување на цената ќе помогне да се врати сигурноста и стабилноста во енергетскиот сектор во Македонија? Кризата и недостиг на енергијата на виделина ги извади сите пропусти кои во изминативе години се случуваа во овој витален сектор за државата. А тие се сведуваат на: недоволни инвестиции во енергетиката и недоволно предвидување во кој правец се движат работите. Во изминативе години не се изгради ниту еден капитален енергетски објект, не се отвораа нови рудници, не се вршеше доволна реконструкција и модернизација на енергетските постројки. Кога тој „прекидач“ е исклучен тогаш ништо подобро не можеше да се очекува освен снаоѓање на секакви начини – од упади во европрски енергетски систем за „позајмување“ на струја па до покачување на цената,односно народот да го плати непланското работење на надлежните кои народот дебело ги плаќа.

Годинава ќе се сменат работите во енергетиката? Потребни се значителни инвестиции насекаде – во гасни централи, во хидроцентрали, фотоволтаици,  опрема за копање јаглен, реализација на проектот „Чебрен“ и „Галиште“, треба да се конечно донесе стратешка одлука каква индустрија (која е најголем потрошувач) ќе се форсира во Македонија и согласно на тоа ќе се димензионира енергетскиот сектор. Мора и порешително да се влегува во проекти за енергетска ефикасност, посебно кај домаќинствата. 

Ќе треба и да се постават вистински луѓе на вистинските места. Приучените или пак од полтиката поставените видовме до каде го донесоа енергетскиот сектор.

Претходна вестПриведен стружанец, запленети 4.400 парчиња пиротехнички средства
Следна вест6 починати лица, регистрирани 435 нови случаи со Коронавирус