Струмичанка со тврд предмет нападнала маж среде ден во Аеродром

Жена од струмичко со тврд предмет нападнала 50-годишен скопјанец во Аеродром, соопшти полицијата.

– На 17.09.2024 во 12.25 часот во СВР Скопје, Г.Х.(50) од Скопје пријавил дека во 12.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од И.Р.(22) од село Баница, струмичко, која употребила и тврд предмет, стои во полицискиот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестЃорѓиев и Димитров го усогласуваат терминот за следниот состанок на македонско-бугарската комисија
Следна вестБез струја делови од Гази Баба и Карпош