Стружанец за време на изолација отишол во обложувалница и го нападнал вработениот

Кривична пријава доби 43-годишен стружанец поради прекршување на решението за задолжителна изолација и напад со остар предмет на вработен во обложувалница, соопштија денеска СВР Охрид.

Според информацијата, ОВР Струга С.Р.(43) од Струга на 27 септември годинава и покрај забраната за движење и задолжителна изолација по издадено решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, се упатил во спортска обложувалница во Струга и со остар предмет физички го нападнал вработениот во објектот.

Претходна вестМицкоски со Ставревски и Шамбевски ќе ја надгледуваат реализацијата на 14.835 ветени локални проекти
Следна вестВоислав Димитровски е нов директор на „Лајка“