Нови барања до државните органи упати денеска Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „СВ. Кирил и Методиј“ со цел да се подобри студентскиот стандард.
Во соопштението се наведува дека еден од главните чекори е притискање на државните органи да ги исполнат ветувањата кои висат во воздух со години.
-Покрај досегашните барања за коишто ве информиравме, штотуку поднесовме и две нови, и тоа:
- Барање за средба со Александар Николоски, актуелен министер за транспорт и врски со цел претставување на предлози за заеднички активности со цел подобрување на условите за транспорт, особено меѓуградскиот транспорт кој за време на Ковид-19 пандемијата неконтролирано ги крена цените, а тие останаа до ден денес – и фигурираат како уште еден дополнителен висок трошок за студентското тело од кое најголем дел студира и живее надвор од родното место.
- Барање за конечно исполнување на ветената мерка за ваучер за туризам. Оваа мерка беше ветена кон крајот на 2023 година и за неа биле предвидени 64 милиони денари, а сѐ уште не е исполнета. Апелиравме што побргу да се оствари, соопштија студентите.