Студентски отпор: Договорените 140 денари не се доволни, студентски оброк да изнесува 160 денари

Нелегитимен е договорот со кој студентски оброк е зголемен од 120 на 140 денари, а тој треба да изнесува 160 денари, побара денеска органзацијата Студентски отпор. Таа реагира на вчерашното донесување на заклучок во македонското Собрание со кој по  скратена постапка треба да се изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк. Предлогот, како што образложи пратеничката Моника Зајкова, предвидува зголемување на дневниот износ на оваа субвенција и можност освен од понеделник до сабота, таа да важи и на верски празници што значи, дека месечниот износ ќе биде поголем од сега.

-Сумата од 140 денари дневно за студентски оброк е договорена нелигитимно со неколкумина студенти, без да бидат прашани сите студенти со што нема поддршка од сите засегнати страни. Надоместокот треба да изнесува 160 денари, реагираат од Студентски отпор.

Истовремено, се бара средба со сите пратенички групи од Собранието.

-На неа повторно, сите заедно како студенти, ќе застанеме зад овој став и ќе им предочиме на надлежните дека основната егзистенција на студентот во Република Македонија не смее да биде запоставена, се вели во соопшението.

Порачаа дека студентите се иднина на државата и не смеат „да бидат жртви на нефунционални системи и алчни функционери“.

Претходна вестСаемот на книга со богата седумдневна програма
Следна вестНа Шпанец му преседна престојот во Скопје, го фатиле со марихуана