Судењето за убиствата на Вања и Панче почнува на 4 септември

Убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати, а потоа беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје влегува во судска разрешница.

Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски, осомничен за две кривични дела убиство и две кривични дела грабнување, а поврзани со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски во ноември 2023 година донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, извести Основниот кривичен суд Скопје.

За истиот кривично-правен настан од претходно се обвинети четири други лица за кои е оформен предмет, кој е насрочен за 4.9.2024 година, а за евeнтуални промени во терминот, странките и јавноста ќе бидат благовремено известена, додаваат од Основниот кривичен суд Скопје.

Претходна вестАкција на МВР во Скопје: Приведени седум лица за поседување дрога, дури петмина на Бит Пазар
Следна вестЗа два месеци третман во „Лајка“ поминале 214 бездомни кучиња, а уште колку имаат за заловување?