Судот за човекови права преку чешки случај испрати порака за вакцинацијата

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), одлучувајќи по тужба од родители на деца одбиени од училиштата и казнети поради тоа што не биле вакцинирани со деветте задолжителни вакцинации во Чешка, пресуди дека „задолжителната вакцинација е неопходна во демократското општество.

Случајот е понат како „Вавчичка и други против. Чешка“. Денешната пресуда на Судот за човекови права значи дека чешката држава не сторила повреда на членот 8 (право на почитување на приватниот живот) од Европската конвенција за човекови права.

Во Чешка постои општа законска обврска да се вакцинираат деца против девет болести добро познати на медицината. Родителите кои не ја почитуваат оваа обврска, без оправдана причина, може да бидат казнети со парична казна, а невакцинираните деца не се прифаќаат во училиштата.

Судот од Стразбур, сепак потсетува дека задолжителната вакцинација, како присилна медицинска интервенција, претставува мешање во остварувањето на правото на почитување на приватниот живот.

Но потенцира дека политиката за имунизација ги следи легитимните цели на заштита на здравјето, како и на правата на другите, со тоа што ги штити и оние кои ги примаат ваквите вакцини и оние за кои не може да се вакцинираат од медицински причини и затоа зависат од колективен имунитет за заштита од сериозни заразни болести.

Судот забележува дека обврската за вакцинација се однесува на девет болести против кои вакцинацијата се смета за безбедна и ефикасна од научната заедница, која ја донесува истата одлука за десеттата вакцинација, спроведена на деца со специфични медицински индикации.

Одлуките на Големиот судски совет на овој суд се конечни.

Претходна вестНема кафеански веселби додека трае пандемијата
Следна вестИ официјално: Нема вакцинација со „Астра Зенека“ на лица под 60 години, се размислува за втората доза за вакцинираните