Судската полиција конечно издејствува повисоки плати

Судската полиција добива повиски плати. Во зависност од тоа во кој суд работат, зголемувањето ќе биде од 8 до18 отсто, а најголемо ќе биде во двата скопски суда, Кривичниот и Граѓанскиот.

Министерот за правда Бојан Маричиќ, денеска пред претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судска полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција.

Овие службеници со години бараа зголемување на платите, а преговорите траеја повеќе месеци.

Што работи судската полиција?

Основна задача на судската полиција е да го заштитува судскиот објект и имотот на судот, животот на сите присутни во судот и да го одржува редот во судската зграда.

Претходна вестПомалите партии не се откажуваат од една изборна единица – поднесоа предлози за законски измени
Следна вестЗаев или Шилегов ќе се кандира за скопски градоначалник?