Судскиот совет незадоволен од одлуката да не им растат платите на судиите

Членовите на Судски совет бараат од Уставниот суд да го преиспита законот со кој се ограничува покачувањето на нивните плати. Поднеле иницијатива за оценување на уставноста и законитоста со која ги оспоруваат одредбите од Законот за плати на членовите на Судскиот совет.

Се бара проверка и на законот со кој се регулираат и платите на судиите. Во Советот сметаат дека примената на законот кој го ограничува растот на платите на судиите и членовите на судски е удар врз независноста и самостојноста на судската власт.

– Поаѓајќи од својата уставна положба и законски надлежности, Судскиот совет на Република Северна Македонија како самостоен и независен орган на судството и како орган кој е должен да ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд на Република Северна Македонија со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија, стои во реакцијата на Судскиот совет.

Иницијативата за преиспитување на законите за плати на судиите, оди пред уставен по неполна година откако судот ја укина одредбата со која се ограничуваше растот, па платите на судиите и функционерите лани во март се зголемија за 78 отсо. Со новиот закон, таквото зголемување останува, но се намалија коефициентите, па сега на веќе зголемените плати покачувањето ќе биде од околу две илјади денари. Но, ваквата одлука, сега повторно ќе треба да ја разледува Уставниот суд.

Претходна вестКривичен суд се прогласи за ненадлежен за случајот со Рамиз Мерко
Следна вестПратениците ќе го послушаат Џафери или ќе го решат изборниот проблем на 100.000 граѓани?