Судскиот совет на Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки меѓу кои за објавување на оглас за избор на претседатели на Основните судови во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Делчево, Берово, Крушево и Охрид.
По разгледувањето на извештаите за исполнетост на критериумите за избор на претседател на основните судови во Кочани, Охрид, Радовиш и Струмица, Советот одлучи постапката да продолжи за двајцата пријавени кандидати кои ги исполнувале критериумите за Основен суд Кочани, судиите Спиро Борисов и Сузана Милева, и донесе одлука да се објави нов оглас за избор на претседател на Основен суд Охрид, бидејќи кандидатот што се пријавил имал навремена но нецелосна апликација.
Во врска со огласите за Основен суд Радовиш и Основен суд Струмица, информираа дека на огласот немало пријавени кандидати и донесоа одлука да биде објавен нов оглас.
Дополнително, беше донесена одлука да се објави нов оглас за избор на претседател и за основните судови во Делчево, Берово и Крушево.