Судскиот Совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на приведениот врховен судија Наќе Георгиев

Судскиот Совет одобри притвор и му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наќе Георгиев кој вчера беше уапсен со 10.000 евра под сомнение дека вршел кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Одлуката е донесена синоќа на итна седница на Судскиот Совет.

Во продолжение соопштение на Судскиот Совет:

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 487-та итна нејавна седница одржана на ден 21.05.2024 година расправаше и одлучуваше по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на судија и ги донесе следните одлуки:

-ГО ОДЗЕМА имунитетот на судија на Врховниот суд на РСМ, заради непречено водење на кривичната постапка;

-ГО ОДОБРИ барањето за одобрување на притвор на судија на Врховниот суд на РСМ поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје и

-ВРЕМЕНО ГО ОДДАЛЕЧИ од вршење на судиската функција судијата на Врховниот суд на РСМ, до правосилно завршување на кривичната постапка.

Претходна вестПретпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд
Следна вестДенес гласаат болните, изнемоштените и затворениците, пред утрешното прегласување