Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа.
-Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа, и на оваа позиција да ја именува Славица Котиров, досегашен заменик-директор, соопшти Владата.
Причините за неговото разрешување не се наведени. Тој беше поставен на функцијата директор во јануари оваа година. Една од непотврдените информации е дека тој ќе биде кандидат за градоначалник на Прилеп, за каде СДСМ се уште нема објавено кандидат.
Претходно, Сугарески беше министер за транспорт и врски. По парламентарните избори, на негово место за министер беше именуван Благој Бочварски.