Сунак поднесе оставка од функциите премиер и лидер на Конзервативната партија

Во последното обраќање во јавноста Риши Сунак, првиот британски премиер со азиско потекло, официјално поднесе оставка од премиерската функција, но и од позицијата лидер на Конзервативната партија.

-Извинете, дадов се за оваа работа, но вие дадовте јасен сигнал дека владата на Велика Британија мора да се промени. А вашиот суд е единствениот што е важен, рече Сунак во обраќањето пред резиденцијата во Даунинг Стрит.

Тој најави дека ја напушта и функцијата лидер на Конзервативната партија, но додаде дека нема веднаш да поднесе оставка како лидер на партијата, туку откако ќе заврши официјалниот процес за избор на негов наследник.

Сунак, исто така, рече дека земјата сега е посилна отколку пред 20 месеци кога тој првпат ја презеде функцијата и дека е „попросперитетна, поправедна и поотпорна отколку во 2010 година“.

Според досега објавените резултати на изборите во Велика Британија, лабуристите освоиле 411 позиции, конзервативците 119, либералдемократите 71, реформистите во ОК 4 и Зелените 4 мандати.

Претходна вестОпштина Центар дава субвенции за нов велосипед, најмногу до 3.000 денари
Следна вестМлад скопјанец тешко повреден на „Стража“