Сурова пресметка на албанската мафија во Атина, има и мртви

Двајца мажи со албанско потекло се убиени во пукање во кафуле во Атина. Според грчкиот весник „Катимерини“, нападот е поврзан со расчистување на сметките во шверцот на дрога.

Безбедносните камери го снимија моментот кога маж отвора оган врз гостите на кафуле на плоштадот Неа Смирнa во Атина во неделата вечерта. Во овој напад еден маж беше убиен, додека друг маж и една жена се пренесени во болница со повреди. Малку подоцна на повредите им подлегнал уште еден маж, а жената која седела на соседната маса и била погодена во нападот е во стабилна состојба, пренесуваат медиумите во Грција.

Според полициски извори, нешто по 21 часот и 30 минути, напаѓачот, кој носел хируршка маска, ненадејно се појавил пред кафулето и почнал да пука кон посетителите. Веднаш потоа побегнал. На местото на настанот излегоа силни полициски сили, а поширокото подрачје беше блокирано.

Двајцата убиени се на возраст од 44 и 42 години и се со албанско потекло.

Претходна вестПромоција на избраните дела во десет томови од Раде Силјан
Следна вестСкопска Апелација: Пресудата за „Таргет – Тврдина“ ја укинавме бидејќи беше  нејасна, неразбирлива и неподобна за понатамошно испитување