Пензионерите од Свети Николе по тримесечна пауза денеска ги реактривираа протестите на коишто бараат линеарно зголемување на пензиите. Тие најавија дека ќе протестираат секоја среда и ќе го искажуваат својот револт и незадоволството.
Трајче Станојков, член на Иницијативниот одбор за протести, рече дека и од техниичката Влада бараат линеарно зголемување на пензиите, на сите пензионери подеднакво.
-Еве и денес ние пензионерите од Свети Николе се собравме после една подолга пауза, за да го искажеме нашето незадоволство. Не сме против покачувањето на пензиите, но бараме со техничката Влада пензиите да се усогласат. Ако е вредноста околу 10 или 20 милиони денари, да се поделат подеднакво на сите пензионери, вели Станојков.
Тој истакна дека пензионерите од земјава кои изминатиот период протестираа за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари на последната средба во Кавадарци се поделиле. Односно, некои од нив најавиле дека ќе се најдат и на листите за пратеници на некои од политичките партии. Станојков и пензионерите од Свети Николе порачаа дека оние пензионери кои ќе се борат за претничко столчо од нив нема да добијат глас.
-Сите тие кои ќе ни дадат поддршка, ние ќе ги прифатиме, сите тие кои нема да не поддржат сакаме да и кажеме дека нема да и дадеме глас. Ако не сакаат да ни помогнат ние остануваме неми и остануваме со празно кон сите, изјави Станојков.
Тој додаде дека некои од пензионерите кои протестираат за линеарно зголемување на пензиите од Кочани, Македонска Каменица, Неготино, Кавадарци и дел од Тетово одлучиле на изборите да бидат кандидати за пратеници.