Во своето обраќање до Федералното собрание, рускиот претседател Владимир Путин им порача на западните земји кои можеби размислуваат да испратат војници во Украина да разберат дека Русија има и оружје што може да го користи за да погоди цели на нејзина територија.
Тој исто така тврди дека Русите биле жртви на таканаречената „русофобија“, која ја нарекол „безумна“.
– Без суверена, силна Русија, не може да има стабилен светски поредок, рече тој во својот говор.
Тој додаде дека западната реторика се заканува со „конфликт со употреба на нуклеарно оружје и последователно уништување на цивилизацијата“.