СВР Скопје го расчисти случајот со пронајденото оружје во Арачиново

СВР Скопје го расчисти случајот со оружјето кое беше пронајдено од страна на полициски службеници од СВР Скопје на 18.12.2024 на територија на општина Арачиново, покрај локален пат од с.Орланци кон с.Никуштак, кога беа пронајдени девет автоматски пушки, еден пушкомитралез и поголема количина на муниција. По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на Х.С. (29) од Куманово.

На 29.12.2024 Х.С. е лишен од слобода на граничниот премин Долно Блаце, а од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по итна постапка и на 30.12.2024 од судија на претходна постапка му е изречена мерка 30-дневен притвор.

Претходна вестВкупно 12 жени уапсени во угостителски објект во Гостивар
Следна вестПожар во центарот на Скопје, гори запуштен објект