На 25.12.2024 полициски службеници од СВР Тетово одржаа работен состанок со претставници од Агенцијата за државни патишта и од Одделот за сообраќајни работи при општина Тетово, со цел утврдување на решение за одржување проточен сообраќај во текот на зимската сезона на Попова Шапка, особено за време на викендите.
На состанокот е договорено да се засилат контролите на возилата и доколку не поседуваат зимска опрема и зимски гуми, да не им се дозволува да продолжуваат кон Попова Шапка, како и да се даде препорака да се користи јавниот превоз на патници, кој за време на викендите ќе има редовна линија со распоред Тетово – Попова Шапка и обратно.
СВР Тетово апелира до граѓаните кои патуваат кон овој зимски рекреативен центар да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на несоодветни места односно да не го попречуваат нормалниот тек на сообраќајот.