Во Европа населението е се постаро, а се помалку има деца. Во 2024 година во Европа ќе има повеќе луѓе на возраст над 65 години отколку на возраст под 15 години, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи на подобрени мерки за поздрава возраст.
-Следната година, популацијата на луѓе над 65 години се проценува дека ќе ги надмине оние под 15 години во европскиот регион на СЗО, соопшти организацијата.
На глобално ниво, таква ситуација веројатно ќе се случи околу 2064 година, според проекциите на институтот „Нашиот свет во податоци“.