Македонија доби пофалба од Светската здравствена организација како успешен пример за унапредување на примарната здравствена заштита на 73-та сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа што се одржува во Астана, Казахстан.
Во своето обраќање, д-р Ханс Клуге, директорот на СЗО за Европа ја посочи Македонија како успешен пример за унапредување на примарната здравствена заштита.
– Со цел да ја унапредиме примарната здравстевена заштита, поставувајќи ја како наш приоритет, сакам да посочам еден успешен пример за тоа, Северна Македонија вложи многу труд да го подобри третманот на незаразните болести и овозможи матичните лекари да ја препишуваат хроничната терапија. Честитки до министерот Фатмир Меџити, потенцираше Клуге.
Како што соопшти МЗ, во рамки на сесијата ќе бидат разгледани неколку планови за јавно здравје, вклучувајќи акционен план за здравјето на бегалците и мигрантите за 2023-2030 година, рамка за акција за здравствената работна сила за 2023-2028 година и патоказ за антимикробна резистенција за 2023-2030 година.