Таксист што превезувал патничка кон скопското село Ајватовци рано вчераутро, ја ограбил, одземајќи ѝ два паричника, соопшти МВР.
-На 18.10.2022 во 03:20 часот во СВР Скопје, М.С.(61) од Скопје пријавила дека на подрачје на Илинден, додека се превезувала во такси возило во насока кон с.Ајватовци, општина Илинден, лицето кое ја превезувало со возилото ѝ одзело два паричници со пари, се вели во полициското соопштение.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.