Тасевска и Вели избрани за обвинители во ЈОРМ, Гоџоска и Ајро влегуваат во Вишото јавно обвинителство Скопје

Советот на јавни обвинители денеска ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија. Покрај нив биле пријавени четворица други кандидати кои не беа избрани – Валентина Стојановска, Вилма Рускоска, Даница Монева и Златко Биковски.

Пријавата на кандидатот Ислам Абази била повлечена бидејќи тој во меѓувреме беше избран за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Освен ова, Наташа Гоџоска и Артан Ајро денеска беа избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот на јавни обвинители на денешната, 82 седница гласаше по сите пријавени кандидати, а потребното мнозинство не го добија кандидатите Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска.

На денешната седница ќе се бираат обвинители и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК, Основно јавно обвинителство Гостивар, Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Скопје.

Претходна вестМакедонецот Волкановски ќе го тренира сопственикот на Фејсбук за борба против Маск
Следна вестСтоп за увозен авто-отпад во Македонија